Revalid® серум за раст со REDENSYL®

0
 

Додека опаѓањето на косата главно го поврзуваме со повозрасните мажи, тоа всушност е проблем што се јавува кај мажите и кај жените, и може да се појави на која било возраст. Во природниот циклус на растење на косата, таа расте, се одмора и потоа паѓа пред да започне да расте нова коса. Во просек губиме од 70 до 100 влакна дневно како дел од овој циклус. Кога губиме повеќе од просечниот број на влакна, тогаш тоа може да доведе до намалување на косата и први знаци на ќелавост. Во Revalid® ја разбираме важната улога која косата ја игра во нашата перцепција за себе и нашата самодоверба и како опаѓањето на косата може да влијае на тоа. Долгогодишното искуство во комплетната грижа за косата го посветивме развивајќи иновативен нов производ кој го оживува растот на косата и ја зголемува Вашата самодоверба - Revalid® серум за раст.

Revalid® серумот за раст претставува едноставно, но ефикасно решение, со кое се намалува опаѓањето на косата, се зголемува нејзината густина и се обновува нејзиниот раст. Истиот ја содржи иновативната активна состојка Redensyl® (3 % концентрат), составена од две патентирани молекули - DHQG и EGCG2. DHQG се добива од екстракт од ариш и го активира делењето на матичните клетки на фоликулот на влакното; EGCG2 се наоѓа во листовите од зелен чај и го намалува воспалението на скалпот. Растот на косата започнува во фоликулот на влакното кој се наоѓа во скалпот и се стимулира од страна на матичните клетки, кои, исто така, се наоѓаат таму. DHQG дејствува, така што го стимулира растот на косата. Истовремено EGCG2 го намалува воспалението на скалпот и го помага циклусот на раст на косата. Цинкот е исто така една од главните состојки на Redensyl®, која ја зајакнува косата, како и аминокиселината глицин, што дава нови можности за раст. Revalid® серумот за раст содржи и екстракт од Artemisia од швајцарските Алпи - познат по своите природни антиоксидантни својства - служи за заштита на кожата и враќање на рамнотежата на скалпот. Сите овие состојки се собрани во Revalid® серумот за раст, за максимален ефект и без употреба на парабени, силикони или сулфати.

 

Клинички тестиран

Во клиничко истражување*, кое траело повеќе од 84 дена, кај 85 % од учесниците било забележано значително подобрување. Тестовите покажале зголемена густина на косата за 8 %, што одговара на 28.000 нови влакна по тримесечна секојдневна употреба. По овој период, процентот на влакна во анагена фаза (фаза на раст) се зголемила за 9 %, додека оние во телогенa фаза (фаза на опаѓање) се намалила за 17 %, што укажува на значително намалување на опаѓањето на косата. На крајот од  истражувањето, повеќето од доброволците (над 70 %) биле задоволни од Redensyl® и изјавиле дека ќе го купат производот за себе.

 

* Во двојно слепо, плацебо-контролирано клиничко истражување под надзор на обучени дерматолози, половина од 26 мажи со алопеција ( степен 3 до 4), на возраст од 18 до 70 години добивале формула со 3 % Redensyl®

 

Како да го користиме Revalid® серумот за раст?

Revalid® серумот за раст доаѓа во практично шишенце од 50 ml со апликатор што го прави лесен и погоден за употреба. Серумот треба да се употребува секојдневно, како дел од Вашата рутинска нега на косата. Нанесете 3,5 ml (6-8 притискања) од серумот директно на засегнатите делови на скалпот, на влажна или сува коса, и нежно масирајте со мали, кружни движења. Да не се плакне. Потоа можете нормално да ја обликувате вашата коса. Не ја мијте вашата коса и не посетувајте сауна 6 часа по нанесувањето, бидејќи тоа може да го направи третманот помалку ефикасен. За оптимални резултати, препорачуваме да го користите Revalid® серумот за раст секојдневно, најмалку три до шест месеци, под услов циклусот на раст на косата обично да трае од еден до четири месеци.

 

Што можам да направам за да го спречам опаѓањето на коса?

Пред да ги погледнеме надворешните фактори, прво мораме да ги разгледаме внатрешните фактори и најважното – начинот на исхрана. Современиот начин на исхрана често вклучува многу месо, млечни производи, шеќер што може да влијае на pH рамнотежата на организмот, што го прави многу повеќе кисел отколку што треба да биде. Ова може да доведе до воспаление во телото, кое, меѓу другото, може да го зголеми опаѓањето на косата. Алкалниот начин на исхрана, кој содржи многу свежо овошје, зеленчук, јатки итн. ни обезбедува изобилство од витамини и минерали кои може добро да влијаат на симптомите на опаѓање на косата со балансирање на киселинскиот/алкалниот сооднос во организмот и го намалува воспалението. Честите вежби исто така можат да ја вратат pH рамнотежата на организмот.

 

Влијанието на надворешните фактори е она за што многу луѓе  мислат дека не е многу важно. Но, температурата на водата со која ја миеме косата е многу важен надворешен фактор. Ние често ја миеме косата користејќи вода што е многу потопла отколку што треба да биде. Не само што ги сушиме косата и скалпот, но исто така ја лишуваме од сопствените природни масти. Наместо тоа, пробајте да ја измиете косата со топла вода и исплакнете со поладна за да ја задржите влагата и да ја зајакнете косата подолг период.

Како што топлата вода ја оштетува Вашата коса, така и сушењето на висока температура или употребата на уреди за обликување на косата, како што се фигаро или пегла за коса, ја оштетуваат. По миењето, лесно избришете ја косата со мека крпа или оставете ја да се исуши сама колку што е возможно почесто. Ако треба да користите фен за коса, користете го на возможно најниско ниво и температура.

Редовната масажа на главата, исто така, може да го стимулира растот на косата. Едноставно користете го врвот на прстите и неколку минути нежно масирајте го скалпот со мали, кружни движења, на пример додека го користите Revalid® серумот за раст.  Ова не само што ќе Ве натера да се чувствувате добро, туку го елиминира стресот (исто така познато е дека го зголемува опаѓањето на косата), а масажата исто така ја стимулира циркулацијата на фоликулите, се грижи за скалпот и  го зајакнува  коренот на  влакното – намалувајќи го опаѓањето на косата и зголемувајќи го растот.

Комбинирајте ја секојдневната  употребана Revalid® серумот за раст со овие мали промени во рутината за нега на косата за значително да ги подобрите проблемите поврзани со опаѓање на косата, истовремено зајакнувајќи ја Вашата коса давајќи и повеќе виталност и сјај. Ние, во Revalid®, сме горди да Ви помогнеме со растот на косата и подобрувањето на Вашата самодоверба.

 

Кога да посетиме лекар / дерматолог?

Ако промените во Вашата рутина за нега на косата не влијаат за поздрав изглед на Вашата коса или за намалување на нејзиното опаѓање, тогаш треба да го посетите Вашиот лекар или дерматолог. Може да постојат и други причини за опаѓање на косата, различни од секојдневната рутина. Важно е да се консултирате со лекар ако сте загрижени за опаѓањето на косата, бидејќи повеќето од причините може да се третираат. Колку побрзо ќе се открие проблемот, толку подобри ќе бидат резултатите од лекувањето.